Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Зајакната акциска општа контрола на возачи и возила – за шест часа контролирани 939 возила

Зајакната акциска општа контрола на возачи и возила – за шест часа контролирани 939 возила


На 13.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска општа контрола на возачи и возила, насочена кон откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

При контролата биле опфатени вкупно 939 возила, при што 32 возила биле упатени на технички преглед, а кај 24 од нив била утврдена техничка неисправност. Во однос на возилата констатирани се вкупно 44 прекршоци.

Во однос на возачите, констатирани се 151 прекршок, од кои најголем дел се однесуваат на непрописно паркирање, некористење сигурносен појас и користење мобилен телефон при управување со возило.

Дополнително, евидентирани се четири случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 174 прекршоци од друг вид.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да користат сигурносен појас, да не користат мобилен телефон додека управуваат со возило и да придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Мени за пристапност