На 10.07.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“ по член 237 и член 238 од Кривичниот законик. Имено, првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38 годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил на 10.07.2026 на бул.“Кочо Рацин“ каде со употреба на физичка сила и закана со остар предмет од 45 годишна жена одзел паричник со пари и документи. Од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје до ОЈО Скопје по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.