Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради поседување дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога.

На 19.06.2026 година во 22:00 часот, во селото Дебреше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ., во предниот дел од возилото била пронајдена марихуана. Истиот ден во 23:40 часот, во Маврови Анови, на местото викано „Туристичко биро“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово запреле патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(30) од Скопје, со престојувалиште во Маврови Анови. Во возилото како сопатник се наоѓал Т.А.(32) од Скопје. При прегледот, во ранецот на Е.С. била пронајдена марихуана. На 19.06.2026 во 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана.

На 19.06.2026 во 15:30 часот на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.К.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана.

На 19.06.2026 во21:10 часот на подрачјето на Општина Аеродорм во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.Ј.(39) од Кавадарци, затоа што при извршен преглед над него, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. На 19.06.2026 во 17:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ќ.Р.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана. На 20.06.2026 во 00:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Џ.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. На 20.06.2026 година во 02:15 часот, во Градскиот парк на подрачјето на Карпош, од слобода бил лишен М.П. (19) од Република Србија, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. На 20.06.2026 во 01:20 часот, во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Л.(51) со престој во Битола, откако при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Мени за пристапност