Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во гостиварско лишени од слобода девет државјанки на Колумбија поради злоупотреба на туристичкиот престој, поднесени соодветни пријави

Во гостиварско лишени од слобода девет државјанки на Колумбија  поради злоупотреба на туристичкиот престој, поднесени соодветни пријави

На 25.11.2025 во 01:30 часот при преземање на мерки и активности од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки.

Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, а од страна на Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во РСМ во времетраење од една година и парична казна.

Мени за пристапност