Во рамки на Протоколот за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Р. С. Македонија и Министерството за внатрешни работи на Р. Србија за ангажирање полициски службеници во текот на летната и зимската туристичка сезона, во Охрид беше реализирана тридневна работна посета на висока делегација од Управата на полицијата -Дирекција на полиција при Министерството за внатрешни работи на Р. Србија, предводена од Началникот на Управа на полиција, чиј домаќини беа Началникот на Секторот за полициски работи од општа надлежност при Одделот за униформирана полиција и Началникот на СВР Охрид. За време на посетата беа одржани работни состаноци и остварени теренски средби со мешовитите македонско-српски полициски патроли, кои и оваа летна сезона успешно придонесуваат за безбедноста на туристите и граѓаните. Посетата претставува уште една потврда за успешната и долгогодишна соработка меѓу двете министерства, а воедно придонесува за понатамошно продлабочување на партнерските односи, размената на искуства и унапредувањето на соработката меѓу униформираните полициски службеници на двете држави.