На 04.03.2026 во 01:20 часот на ул.„Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Н.А.(45) и Џ.Ш.(39), двајцата од с.Чегране, гостиварско, затоа што при преглед во возило „форд фокус“ во кое се превезувале, кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.