Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Велешка пензионерка на измамници им дала 2.700 евра за да ја спаси ќерка си од непостоечка сообраќајка

Велешка пензионерка на измамници им дала 2.700 евра за да ја спаси ќерка си од непостоечка сообраќајка

Вчера (29.08.) во СВР Скопје Д.Г. (88) од Велес пријавила дека на 27.08.2025 година околу 10:00 часот на нејзиниот фиксен телефонски број добила повик од непознато машко лице кое ја известило дека нејзината ќерка наводно имала сообраќајна несреќа во која што како учесник прегазила четиригодишно дете и дека доколку сака да ја спаси од долгогодишна затворска казна треба да му даде 50.000 евра. Откако пријавителката рекла дека нема толку пари, односно дека има околу 2.700 евра добила „инструкции“ од лицето парите да ги донесе во Скопје во близина на Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, што пријавителката и го сторила. Околу 11:50 часот пријавителката пристигнала во кругот на болница и по насоки на лицето кесата со парите ја оставила во една од кантите за отпадоци а потоа со автобус се вратила во Велес. Се работи на расчистување на случајот.

Мени за пристапност