Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вчера лишени од слобода седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол

Вчера лишени од слобода седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои  тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија. 

По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник.  По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за  управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во  Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност