Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол

Вчера лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани затоа што управувале возило без возачка дозвола.  По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, еден возач во гевгелиско управвуал возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Мени за пристапност