Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски: Зајакнување на институционалната соработка за поефикасна заштита од родово базирано насилство, потпишан Меморандум за соработка за унапредување на системот за заштита на жртвите

Тошковски: Зајакнување на институционалната соработка за поефикасна заштита од родово базирано насилство, потпишан Меморандум за соработка за унапредување на системот за заштита на жртвите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Сојузот – Национален совет за родова рамноправност, претставуван од претседателката Савка Тодоровска, со цел унапредување на системот за заштита на жените од родово базирано насилство.

Со меморандумот се утврдува рамка за заедничко делување во насока на примена на европските стандарди, преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските службеници, унапредување на процедурите за постапување и обезбедување ефикасна и навремена заштита на жртвите, со посебен акцент на спречување на нивна ревиктимизација.

„Наш приоритет е да изградиме систем кој навремено, ефикасно и со целосно разбирање ќе одговори на потребите на жртвите на родово базирано насилство. Со оваа соработка вложуваме во знаење, стандарди и координација – затоа што заштитата на жртвите не е само обврска, туку и наша заедничка одговорност како институции и како општество“, истакна министерот Тошковски.

Соработката опфаќа реализација на обуки, семинари, конференции и други активности насочени кон зајакнување на институционалниот одговор, како и воспоставување координиран пристап меѓу полицијата, здравствените установи, центрите за социјална работа, јавното обвинителство и граѓанскиот сектор.

Во рамки на меморандумот, ќе се работи и на унапредување на подзаконската регулатива и воспоставување унифицирани стандарди за постапување во сите фази на заштита на жртвите, како и на континуирана размена на искуства и најдобри практики.

Дополнително, Министерството ќе ја поддржи промоцијата на Националната СОС мобилна бесплатна линија 141 700 за жени жртви на семејно и родово базирано насилство, преку своите комуникациски канали.

Мени за пристапност