Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи одржа брифинг со претставниците на медиумите на тема справување со семејното насилство.
На брифингот беше разговарано за постапувањето на полицијата во случаите на семејно насилство, предизвиците со кои се соочуваат надлежните институции и потребата од навремена реакција, ефикасна заштита на жртвите и координирано институционално постапување.
Министерството за внатрешни работи останува посветено на унапредување на механизмите за превенција и справување со семејното насилство, со особен акцент на заштитата на жртвите и охрабрувањето на граѓаните да го пријавуваат секој облик на насилство.