Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Тошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Тошковски на средба со постојаната координаторка на ОН Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство.

Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство.

Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик.

На средбата беа разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници.

Посебен акцент беше ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамките на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство.

Министерството за внатрешни работи и Обединетите нации ја потврдија заедничката определба за продолжување и продлабочување на соработката, со цел изградба на поефикасен систем за заштита на жртвите и создавање побезбедно општество за сите граѓани.

Мени за пристапност