Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Task Force лиши од слобода 28-годишник по претрес во Врапчиште, пронајдени марихуана и кокаин

Task Force лиши од слобода 28-годишник по претрес во Врапчиште, пронајдени марихуана и кокаин

Вчера (09.10.2026), во периодот од 20:40 до 21:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица „Таск Форс“, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар и Полициското одделение Галате, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории во село Врапчиште.

При претресот биле пронајдени и одземени едно пакување со марихуана, епрувета со алуминиумска фолија со кокаин, како и уште една кеса со кокаин.

Од слобода бил лишен М.А. (28) од село Врапчиште.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Мени за пристапност