Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите.
На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.