Денеска (08.10.2026 година), во СВР Скопје, повикано е лицето Ш.А., сопственик на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, поради настан од 07.10.2026 година, кога со наведеното возило го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на ул. „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје.
Настанот беше објавен и на социјалните мрежи.
Од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, преземени се соодветни мерки кон лицето.