На 15.04.2026 во 14:00 часот во СВР Куманово, 23-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..
На 16.04.2026 во 03:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода З.Ј.(44) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 15.04.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиja од слобода Б.С.(28) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом им се заканувал на неговите родители. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.
На 15.04.2026 во 14:00 часот во ОВР Кавадарци, 42-годишна кавадарчанка, пријави дека нејзиниот поранешен партнер С.С. од прилепско село, по телефон и упатил закани. За настанот бил известен јавен обвинител.
На 15.04.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападнат од нејзиниот сопруг А.Р., кој употребил и тврд предмет.
На 15.04.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Гази Баба, на 09.04.2026 малолетничка била физички нападната од нејзината мајка К.А., а на 14.04.2026 била физички нападната од нејзиниот татко А.А.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.