Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Средба на министерот Панче Тошковски со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Н.Е. Кристоф Зомер

Средба на министерот Панче Тошковски со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација Н.Е. Кристоф Зомер

Денеска (30.01.2026) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи се развиваат во континуитет, врз основа на заемна доверба, партнерство и споделени вредности. Соговорниците ја истакнаа подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката преку реализација на заеднички проекти и иницијативи во повеќе области од заемен интерес, со фокус на институционално јакнење и размена на експертиза.

Посебен акцент беше ставен на партнерството во областа на миграцијата, кое претставува значаен сегмент од меѓусебната соработка. Во таа насока беше нагласена важноста од продолжување на работните дијалози, координацијата и размената на искуства, со цел поефикасно управување со миграциските текови и справување со предизвиците поврзани со оваа област.

Воедно, беше потврдена и одличната полициска соработка меѓу надлежните институции на двете земји, која се одвива на високо професионално ниво и претставува значаен столб во вкупните билатерални односи. Соговорниците се согласија дека ваквата соработка придонесува кон зајакнување на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, како на национално, така и на регионално ниво.

Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка оценка дека постои цврста основа за натамошно унапредување на партнерството меѓу двете земји.

Мени за пристапност