Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Спроведена акција за спречување нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во Штип, запленета поголема количина дрвна маса и возила

Спроведена акција за спречување нелегална сеча и транспорт на огревно дрво во Штип, запленета поголема количина дрвна маса и возила

На 23.10.2026 во периодот од 04:00 до 16:00 часот, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип при СВР Штип спроведоа акција за откривање и спречување  на бесправна сеча на дрва, пустошење шума и нелегален транспорт на огревно дрво. Акцијата беше спроведена на патните правци кон планината Плачковица, како и во атарите на околните села. 


Притоа, во с.Калаузлија било запрено возило „форд“, управувано од Љ.С. од Скопје, со престој во Штип, при што се пронајдени огревни дрва без соодветна документација. Возилото и дрвата маса се одземени и предадени на Шумската полиција. 
Во атарот на с.Кучица е пронајдено напуштено патничко возило „мицубиши“ во кое имало складирани огревни дрва. Возилото е одземено и пренесено во кругот на ПС ОН Штип-СВР Штип за утврдување на сопственоста и евентуална поврзаност со кривично дело. 
Исто така, на друга локација во атарот на с.Кучица, пронајдени се  складирани огревни дрва. 


Додека, пак, во атарот на с.Радање, во содејство со Шумската полиција пронајдени се нежигосани огревни дрва складирани во двор од куќа сопственост на Д.А. од с.Радање, кои потекнуваат од нелегална сеча. Дрвата се одземени и предадени на вработените во ЈП ,,Национални шуми"– подружница „Серта“ – Штип. 
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност