Во изминатите две години реализиравме околу 20 национални и регионални проекти, финансирани од Европската Унија и меѓународните партнери, насочени кон јакнење на владеењето на правото, борбата против организираниот криминал, управувањето со миграциите и модернизацијата на Министерството за внатрешни работи.
Меѓу најзначајните резултати се отворањето на Регионалниот К9 центар за обука и сертификација во Ѓорче Петров, со кој Македонија стана регионален центар за обука на службени кучиња, пуштањето во употреба на новото современо затворено стрелиште во Одделот за форензички испитувања, како и значајната модернизација на форензичките и информатичките системи на Министерството.
Истовремено, преку овие проекти ги зајакнуваме професионалните капацитети на полициските службеници, воведуваме современи технологии, ги унапредуваме истражните и форензичките можности и ја продлабочуваме соработката со нашите европски и меѓународни партнери.
Инвестираме во знаење, технологии и современи капацитети, затоа што само силна, професионална и модерна полиција може да обезбеди безбедност каква што заслужуваат граѓаните.
Продолжуваме да го градиме Министерството за внатрешни работи како европска, модерна и ефикасна институција, подготвена да одговори на сите безбедносни предизвици на денешницата.