Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сообраќајно-превентивна активност на СВР Скопје: „Не користете мобилен телефон додека возите“ и „Стави појас“

Сообраќајно-превентивна активност на СВР Скопје: „Не користете мобилен телефон додека возите“ и „Стави појас“

Денеска (14.03.2026) од страна на Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на ПО Сарај, на наплатната рампа Глумово, беше реализирана сообраќајно-превентивна активност под мотото „Не користете мобилен телефон додека управувате со моторно возило“ и „Стави појас“.

Во рамки на активноста, полициските службеници на возачите им делеа едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување со возилата и почитување на позитивната законска регулатива.

Посебен акцент беше ставен на задолжителното користење на безбедносен појас за време на управување со моторно возило, како и на некористење мобилен телефон додека се управува со возило.

Исто така, по случаен избор, на дел од возачите им беше поделен дополнителен едукативен материјал во форма на летоци со препораки за подигнување на сообраќајната култура и безбедносната свест кај учесниците во сообраќајот.

Мени за пристапност