Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со „молотов коктел“ запалил сува трева

Со „молотов коктел“ запалил сува трева

Денеска (20.07.) во СВР Куманово во 02,10 часот е  пријавено дека машко лице, во видно алкохолизирана состојба со молотов коктел запалил сува трева на влезот во населбата Средорек и предизвикал пожар на отворено. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место при што затекнато е лицето С. С. (27) од Куманово, кое што е посочено од очевидец, и истиот е лишен од слобода во ПС Куманово. При проверка ка С.С., меѓу другото било утврдено дека има 2,40 промили алкохол во крвта. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Мени за пристапност