Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шест лица лишени од слобода во Тетово, Штип и Скопје, затоа што кај нив била пронајдена дрога

Шест лица лишени од слобода во Тетово, Штип и Скопје, затоа што кај нив била пронајдена дрога

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога.

 Денеска (07.06.2026) во 00:15 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода А.Ц. (19) и И.А. (50), двајцата од Тетово, кои откако ги виделе полициските службеници, на улицата фрлиле кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (07.06.2026) во 01:00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.А.(23) од Куманово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06.06.2026 во 20:20 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ф.К.(28) од Скопје затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 06/07.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Ц.(21) и 17-годишен малолетник двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Мени за пристапност