На 04.07.2026 во 01:40 часот, на улицата „Црн Дрим“ во Струга, од слобода е лишен А.А.(46) од Струга, по претходна пријава дека ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.07.2026 во 18:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.С.(47) од Скопје, по претходна пријава дека околу 17:45 часот, на подрачјето на Центар, физички ја нападнал неговата 40-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Велес извршија службен разговор со 17-годишен малолетник од Велес, во присуство на родител и претставник од Центар за социјални работи Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата 82-годишна баба. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.07.2026 во 13:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода З.М.(49) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 62-годишна велешанка, дека и се заканувал во домот каде живеат заедно. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.07.2026 во 17:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Д.(70) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во домот и се заканувал на неговата 69-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.07.2026 во 18:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Џ.М.(29) од Струмица. Според пријавеното, тој во повеќе наврати агресивно се однесувал кон неговата 28- годишна сопруга, а на 03.07.2026 година отишол пред домот на родителите на сопругата, каде била таа и нивните малолетни деца и упатувал закани. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање н случајот, против Џ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.07.2026 во 09:00 часот во СВР Тетово, од страна на неговите родители било пријавено дека 16- годишник од Тетово во семејниот дом, агресивно се однесувал, кршел предмети во домот и со нож им се заканувал на нив и на неговата сестра. Малолетникот е лишен од слобода, известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 04.07.2026 во 03:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.М.Д.(52) од Штип, по претходна пријава дека на 03.07.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.