Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Санкционирани 43 несовесни возачи во акциска контрола на Мобилната единица на МВР

Санкционирани 43 несовесни возачи во акциска контрола на Мобилната единица на МВР

Вчера (29.03.2026), во временскиот период од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе Републичка акциска контрола во патниот сообраќај за возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

 

При акциската контрола изречени се 41 мерка за движење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и една мерка во населено место.

Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член-297а од Кривичниот законик, поради тоа што управувал моторно возило во спротивна насока на автопат.

 

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. 

 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Почитувањето на ограничувањата на брзината е една од најважните мерки за спречување на сообраќајни незгоди и за заштита на животот и здравјето на граѓаните.

 

Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за безбеден сообраќај на патиштата.

Мени за пристапност