Од 16 до 22 септември, во рамки на европската акција „ROADPOL Safety Days“ (Денови на безбедноста), полициските служби низ Европа, вклучително и во Македонија, ќе спроведуваат активности насочени кон унапредување на безбедноста во сообраќајот. Акцијата е организирана од Европската мрежа на сообраќајната полиција – ROADPOL.
Посебен акцент ќе биде ставен денеска, на 17 септември, кога се одбележува „Европскиот ден без загинати и тешко повредени лица во сообраќајни незгоди“ (European Day without people killed and seriously injured in road accidents).
Целта е на овој ден на европските патишта да нема ниту една жртва и ниту едно лице да не биде тешко повредено во сообраќајна незгода.
Преку акцијата „ROADPOL Safety Days“ се испраќа порака дека безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и дека со почитување на сообраќајните правила и одговорно однесување секој учесник може да придонесе за спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.