Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Регионалниот центар за гранични работи Запад зеде учество на традиционалното искачување на врвот Кораб по повод Денот на независноста

Регионалниот центар за гранични работи Запад зеде  учество на традиционалното искачување на врвот Кораб по повод Денот на независноста

По повод 8 Септември - Денот на независноста, Регионалниот центар за гранични работи Запад зеде активно учество во организацијата и подршката на 35. традиционално искачување на највисокиот планински врв Кораб, кој е на визина од 2.764 метри и кој се наоѓа на подрачјето на Полициската станица за граничен хадзор и повремени гранични проверки - Стрезимир. 


Настанот беше организиран од Федерацијата на планинари на Македонија и неколку планинарски клубови од подрачјето. Преземените активности во врска со настанот, односно професионалниот пристап на полициските службеници беа наградени со благодарница од Федерацијата на планинари и другите организатори. Тоа е дополнителен поттик за Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност во Министерството за внатрешни работи да продолжи и понатаму посветено и на највисоко професионално ниво да работи за реализација на зададените задачи.

Мени за пристапност