Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва

Регионалниот центар за гранични работи Исток расчисти случаи на кражба на огревно дрво и незаконски транспорт на дрва

На 03.06.2025 околу 08.30 часот на регионалниот пат Струмица-Берово, кај место викано „Осмиците“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево при Регионалниот центар за гранични работи Исток го приведоа А.С. од с.Старо Балдовци, струмичко. Тој е затекнат како во патничко возило „фолксваген шаран“ со бугарски национални ознаки врши утовар на огревно дрво за кое не поседувал никаква документација. Возилото и дрвата се одземени и предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

Додека, во 14:20 часот на 02.06.2025, на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Суви Лаки“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Пехчево го лишија од слобода В.Џ. (1967) од с.Двориште, беровско. При извршена контрола на товарно моторно возило „рено“ со беровски регистарски ознаки, кое го управувал, утврдено е дека во возилото вторпат во ист ден се превезува дрвна маса со иста испратница.

За настанот е известен јавен обвинител, а по преземени мерки идентификувано е лице во Струмица кај кое била пренесена дрвната маса. Дрвата и возило се одземени и предадени на Шумска полиција.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Мени за пристапност