Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Расчистено разбојништво во обид во Скопје, лишени од слобода двајца малолетници осомничени дека го сториле делото

Расчистено разбојништво во обид во Скопје, лишени од слобода двајца малолетници осомничени дека го сториле делото

На 10.08.2026 во 20:40 часот на ул.„11 Октомври“ на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на Скопје на возраст од 15 и 13 години поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“ во обид по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Според пријавеното, тие околу 20:00 часот на бул.„Кочо Рацин“ физички нападнале 14-годишен малолетник од Скопје и се обиделе да му одземат пари, но откако не успеале побегнале од местото. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Мени за пристапност