На 17.07.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с.Батинци, скопско, по претходна пријава дека на 16.07.2026 околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје. Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во присуство на родители и адвокат.
По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава по итна постапка против Д.Р., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 од Кривичниот законик, а исто така и против малолетните лица ќе биде поднесена кривична пријава.