Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица

Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од с.Буковиќ, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 3 од Кривичниот законик.

На 12.08.2026 во с.Копаница, скопско, првопријавениот со тврд предмет го нападнал 25-годишниот Х.Р. од с.Арнакија, скопско, а останатите двајца пријавени со тврди предмети му го оштетиле возилото. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Ј.(34), а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор. Се преземаат мерки за пронаоѓање на другите двајца пријавени.

Мени за пристапност