СВР Скопје - Единица за насилен криминал - Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик.
Имено, на 16.08.2026 во 01:15 часот на подрачјето на општина Аеродром настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43) од Скопје. Притоа, С.И.(23) од Скопје се обидел да му помогне на Н.Е., но за кратко се собрале повеќе лица и со тврди и стаклени предмети ги нападнале Н.Е. и С.И. и им нанеле тешко телесни повреди.
По преземени мерки, обезбедени се лицата, извршено е препознавање и во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривичната пријава. Тие се изнесени пред судија за претходна постапка, кој на Е.М. и Е.Р. им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а на Ѓ.А. и А.Р. им одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.