Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Расчистени повеќе кражби во Кавадарци, поднесена кривична пријава против сторителот

Расчистени повеќе кражби во Кавадарци, поднесена кривична пријава против сторителот

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Н.(37) од Кавадарци поради постоење основи за сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик две кривични дела „тешка кражба во обид” по член 236 став во врска со член19 од Кривичниот законик.

Во периодот од 12.04.2025 до 26.05.2025, тој со употреба на подесен алат, од фризерски салони, трафика и кафемат во Кавадарци одзел пари и цигари и на тој начин предизвикал материјална штета од околу 248.000 денари.

Мени за пристапност