Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работна средба на министерот Тошковски со регионалниот шеф на Мисијата на ИОМ, Вилијам Дејвид Вомбл

Работна средба на министерот Тошковски со регионалниот шеф на Мисијата на ИОМ, Вилијам Дејвид Вомбл

Денеска (09.03.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со новиот регионален шеф на Мисијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Вилијам Дејвид Вомбл.

На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ИОМ, како и за можностите за нејзино натамошно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.

Министерот Тошковски нагласи дека Министерството за внатрешни работи останува активно посветено на спроведувањето на проектите кои ИОМ ги имплементира во рамки на Инструментот за претпристапна помош (IPA), истакнувајќи дека тие имаат значајна улога во унапредување на институционалните капацитети.

Воедно, министерот изрази благодарност до ИОМ за континуираната поддршка, потенцирајќи дека реализираните проекти имаат особено значење за зајакнување на капацитетите на Министерството во областа на граничната безбедност, управувањето со миграциите, како и во борбата против трговијата со луѓе и илегалната миграција.

На крајот од средбата, соговорниците ја потврдија заедничката подготвеност за натамошно продлабочување на соработката и продолжување на партнерството во насока на зајакнување на безбедносните политики и институционалните капацитети.

Мени за пристапност