Денеска (10.07. 2025), заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на Полициското одделение во Теарце.
Средбата беше продолжение на редовните работни состаноци што заменик министерот и неговите соработници ги одржуваат во секторите за внатрешни работи и полициските единици во земјата.
Заменик-министерот Исени одблизу се запозна со безбедносната состојба во регионот на Полициско одделение Теарце, при што беа нагласени трендовите на разните видови криминал и активностите кои се преземаат за негово сузбивање.
За време на средбата беа разгледани и конкретни области на заедничката работа од безбедносен аспект, при што беа анализирани и нови модалитети на работа.
На крај беше изразена силна подготвеност за уште поблиска соработка, сè со цел исполнување на мисијата на Министерството за внатрешни работи - да обезбеди владеење на правото и безбедност за сите граѓаните на целата територија на Република Северна Македонија.