Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работна посета на делегација на МВР во Естонија – размена на искуства за јакнење на интегритетот и борбата против корупцијатa

Работна посета на делегација на МВР во Естонија – размена на искуства за јакнење на интегритетот и борбата против корупцијатa

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошникот на министерот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди м-р Ивица Станковски, оствари работна посета на Estonia Police and Border Guard Board во Талин, Естонија институција надлежна за внатрешна контрола и борба против корупцијата во безбедносниот сектор.

 

Посетата беше реализирана во рамки на меѓународна програма организирана од DCAF – Geneva Centre for Security Sector Governance, со цел размена на искуства и добри практики во областа на спречување и откривање на корупцијата, унапредување на интегритетот на вработените во институциите и јакнење на механизмите за внатрешна контрола во безбедносниот сектор.

 

Воедно, посетата имаше за цел и запознавање со процесите и практиките за управување со интегритет, имајќи предвид дека Одделот во моментот е во процес на изработка на нов План за професионален интегритет.

 

Во рамки на посетата беа реализирани повеќе работни средби со претставници на естонската полициска и гранична управа, при што делегацијата се запозна со организацијата и функционирањето на системот за внатрешна контрола, како и со примената на современи дигитални решенија во управувањето со предмети, спроведувањето на истраги и координацијата помеѓу надлежните институции.

 

Посебно внимание беше посветено на практиките поврзани со дигитализацијата на институционалните процеси, транспарентноста во постапувањето и превентивните механизми за намалување на ризиците од корупција, како и на активностите насочени кон зајакнување на професионалните стандарди и интегритетот во полициското работење.

 

Работната посета претставува дел од континуираните активности за унапредување на меѓународната соработка и размена на искуства меѓу институциите, со цел примена на современи европски практики во борбата против корупцијата и зајакнување на ефикасноста на системите за внатрешна контрола.

Мени за пристапност