Делегација на Министерството за внатрешни работи- Центар за обука, предводена од помошник на министерот на Центар за обука престојува во тридневна работа посета на БК Академијата на Германија.
Посетата е потврда за најавената меѓусебна поддршка во делот на полициското образование и обука, како и константна поддршка на Центарот за обука, во иднина Полициска академија, во исполнување на европските стандарди за обука и полициско образование.
На меѓусебните средби се договорени чекорите како дел од поддршката која следи, како и постојаното присуство на експерти од БК Академијата во Центарот за обука, со кои во годината што претстои ќе се работи интензивно на целокупниот реформски образовен систем на Министерството за внатрешни работи.