Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работилница за унапредување на превентивните активности на полицијата: Безбедност преку превенција, доверба и соработка

Работилница за унапредување на превентивните активности на полицијата: Безбедност преку превенција, доверба и соработка

Во организација на Одделот за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес и утре се одржува годишната работилница посветена на унапредување на превентивните активности и зајакнување на партнерството меѓу полицијата и граѓаните.

На настанот свои поздравни обраќања имаа началникот на Секторот за внатрешни работи Скопје, Сашо Топаловски, помошникот министер за односи со јавност и стратешки прашања, Мухамед Исмаиљи и Ендру Андерсон раководител на  Одделот за сигурност и поддршка на заедниците од ОБСЕ, кои ја истакнаа важноста на превенцијата како основа на современото полициско работење и првата линија на безбедност во заедницата.

Во излагањата беше нагласено дека превентивните активности на МВР претставуваат проактивен пристап кој овозможува навремено препознавање на ризиците, градење доверба меѓу полицијата и граѓаните и промовирање култура на почитување на законот и одговорност.

Одделот за превенција преку своите секојдневни активности со локалните заедници, образовните институции, невладиниот сектор и медиумите, претставува клучна врска меѓу полицијата и граѓаните, додека Одделот за односи со јавност има задача да ги засилува и пренесува превентивните пораки создадени во рамките на МВР.

Во текот на минатата година, преку соопштенија, интернет и социјални медиуми, Министерството реализираше повеќе од 400 објави и активности поврзани со превентивни кампањи, меѓу кои „На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!!!“ и „Безбедно на тротинет“.

Настанот претставува уште еден пример за успешна соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ во насока на промовирање на безбедноста преку превенција, доверба и партнерство со граѓаните.

Мени за пристапност