Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Работен состанок на началниците на сообраќајните полиции од регионот во Врњачка Бања за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот пред престојната туристичка сезона

Работен состанок на началниците на сообраќајните полиции од регионот во Врњачка Бања за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот пред престојната туристичка сезона

 


На 27.02.2026 во Врњачка Бања, Србија, на покана на началникот на српската сообраќајна полиција, беше одржан регионален работен состанок со началниците на сообраќајните полиции во регионот, на кој покрај началникот на сообраќајната полиција на Република Северна Македонија, учество земаа и началниците на сообраќајната полиција од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, како и сите 27 началници на одделенијата за сообраќај на Република Србија. Состанокот беше одржан во пресрет на престојната летна туристичка сезона со цел зголемување на меѓусебната соработка, размена на искуства, подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот, иницирање и реализација на превентивни и репресивни активности.

Мени за пристапност