На 25.01.2026 во 12:30 часот на ул. „Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (31) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. На 25.01.2026 во 12:00 часот на ул. „Волковска“ во Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Ѓ.Л. (44) од Скопје, затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.