Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдена дрога во Кочани, лишени од слобода три лица, за едно одреден притвор

Пронајдена дрога во Кочани, лишени од слобода три лица, за едно одреден притвор

На 05.02.2026 во 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Е.Џ.(35), М.Џ.(27) и Е.Д.(50), сите од Штип. Според пријавеното, во 15:05 часот  на ул.„Стамен Манов” во Кочани, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. , а при извршен преглед кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана. Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ. и тој е спроведен во Казнено поправна установа Затвор Куманово.

Мени за пристапност