Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајдена дрога во Битола, лишени од слобода три лица

Пронајдена дрога во Битола, лишени од слобода три лица

На 20.03.2026 во 21:15 часот полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.А.(46) од Битола. По претходно добиена наредба од  Основен суд Битола, извршен е претрес во Битола во дом, сопственост на А.А., при што е пронајдена бела прашкаста материја, растителна материја, дигитална вага со траги од прашкаста материја и пари. 

Исто така, на 20.03.2026 во 21:45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Д.В.(49) и Н.М.(39), двајцата од Прилеп. Во патничко возило „сеат" со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В., а во кое сопатничка била Н.М., пронајдени се   паковки со  грутчеста  материја и дигитална вага со траги од грутчеста материја. По документирање на настаните  ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Мени за пристапност