Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајден малолетникот кој со мотоцикл вечерва удри пешак во Кисела Вода, возел без возачка дозвола

Пронајден малолетникот кој со мотоцикл вечерва удри пешак во Кисела Вода, возел без возачка дозвола

Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „Беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.

 

По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот.

Мени за пристапност