Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пронајден амфетамин при претрес на викендица во Младо Нагоричане – две лица лишени од слобода

Пронајден амфетамин при претрес на викендица во Младо Нагоричане – две лица лишени од слобода

 

На 23.01.2026 година, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.М. (68) и Д.Б.(51), двајцата од Куманово. По издадена судска наредба бил извршен претрес во викендица во село Младо Нагоричане сопственост на М.М. каде бил пронајден околу еден килограм амфетамин, кој според сознанијата на чување го оставил Д.Б.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Мени за пристапност