Денеска во средното училиште „Шаип Јусуф“ во организација на СВР Скопје и ОБСЕ се одржа информативна средба со средношколци кои сакаат својата кариера да ја продолжат во полицијата и да станат полициски службеници.
Проектот е дел од процесот на мотивација на младите луѓе да ја продолжат својата кариера во полицијата и професионално да се вклучат во безбедноста на својата татковина и своите најблиски.
Средбата беше одржана во Шуто Оризари со крајна цел да се зголеми бројот на полициски службеници Роми а со тоа и социјалната кохезија да се унапредува како во институцијата така и во општеството.
Со кандидатите разговараше началникот на скопската полиција Сашо Топaловски, полициски службеници и претставници од ОБСЕ кои им ги доловија предизвиците и позитивните страни на можноста да се биде полициски службеник.
Беа поделени и информативни флаери до заинтересираните кандидати.