На 27.07.2025 во 01.20 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.Т.(54) од Богданци. Тој бил запрен додека управувал патничко возило „хундаи“ со грчки национални ознаки и при извршена контрола било констатирано дека управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.80 промили алкохол во крвта.
На 25.07.2025 пак во 21.55 часот во Дојран полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.С.(52) од Скопје. Тој бил запрен додека управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и при извршена контрола било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени со 2.58 промили алкохол во крвта.
Тие биле задржани во полициската станица и за настаните бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.