На 20.01.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.К.(41) од село Ваташа, кавадаречко. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправна установа Затвор Идризово за издржување на казната.
На 21.01.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.Н.(29) од Кавадарци. Тој бил баран врз основа на наредба од Основен суд Кавадарци за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено - поправна установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.