Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

Приведена бегалка од затвор, вратена е во надлежната установа за доиздржување на казната

На 20.06.2025 во 21.10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија. Таа била барана по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната. 

Мени за пристапност