На 06.08.2025 во 03:13 часот, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода В.Д.(54) од Македонски Брод. При преземање мерки со врска со претходно случена сообраќајна незгода, во која бил учесник со возило „мерцедес” со регистарски ознаки од Македонски Брод, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,76 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.