Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Приведен возач во Куманово, управувал возило со 2,22 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Приведен возач во Куманово, управувал возило со 2,22 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

На 28.07.2025 во 23.35 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Е.(59) од село Вртеша, општина Карбиници. При преземање мерки во врска со претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал со возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Мени за пристапност