На 03.06.2025 во 21.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од кичевското село Лазоровци. При контрола во патниот сообраќај и извршено алкотестирање, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со 1,81 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „Безобѕирно управување со моторно возило“.